ВЕСТИСВЕТ

Песков: Не ја исклучуваме можноста за разговори помеѓу Трамп и Путин наскоро

Кремљ не ја исклучува можноста за телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп наскоро по американско-украинските преговори во Џеда, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Advertisements

„Не исклучуваме дека може да се појави тема за телефонски разговор на највисоко ниво. Доколку се појави таква потреба, тој ќе се организира многу брзо. Постојните канали за дијалог со Американците дозволуваат тоа да се направи за прилично краток временски период“, рече тој.

Песков додаде дека Русија очекува да добие информации за деталите од преговорите во Џеда на разговорите со САД, кои ќе се одржат наскоро, пренесува ТАСС.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button