ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Петков до Ковачевски: „Прифати го предлогот, па дури и да ти падне Владата“

Петков до Ковачевски: „Прифати го предлогот, па дури и да ти падне Владата“

Иако самитот на ЕУ во Брисел заврши, Франција соопшти дека ќе продолжи да работи со Скопје и Софија за евентуален договор во наредните денови. Бугарскиот премиер Петков го повика Ковачевски да го прифати францускиот предлог, па дури и ако цената за тоа е да падне владата и во Скопје.

Бугарскиот премиер Кирил Петков го повика премиерот Димитар Ковачевски да покаже храброст и да го прифати францускиот предлог, дури и по цена на пад на Владата во Скопје, како што се случи во Софија. Петков ова го изјави на Самитот на ЕУ за бриселскиот медиум Политико.

„Знам дека ризикот од пад на владата е голем. Како политичар треба да одлучиш која е мојата улога? Дали мојата улога е стабилност? Или мојата улога е да ја водам нацијата и да направам чекор напред? Мислам дека ова е одлуката и Димитар Ковачевски треба да ја го стори тоа сега. Да бидам на негово место, нема да се мислам два пати. Ако влезеш во историјата по отворањето на вратите на ЕУ за твојата земја, мислам дека тоа е добар резултат за еден премиер“, изјави Кирил Петков, Премиер на Бугарија за „Политико“.

Премиерот Ковачевски вчера изјави дека францускиот предлог во сегашната форма не е прифатлив за Скопје. Денеска заврши дводневниот самит во Брисел. Сепак, францускиот претседател Емануел Макрон рече дека ќе продолжи да работи со двете страни во наредните денови.

„Ќе продолжиме. Имаме преговори со колегите од Бугарија и Северна Македонија за да постигнеме договор во следните неколку дена и сите се подготвени да го формализираат. Би сакал да му се заблагодарам на бугарскиот премиер, коалиционите партнери, опозициските партии за гласањето и да ѝ честитам на Северна Македонија за нејзиниот напредок. Има уште работа, но несомнено постигнат е значителен напредок“, рече Емануел Макрон, Претседател на Франција.

И додека спорот со Скопје и Софија останува нерешен, во фокусот повторно се најде вокабуларот на албанскиот премиер. Имено, Еди Рама беше груб кон Бугарите, нарекувајќи ги хаос и срам. Софија очекува албанскиот премиер да се придржува до соодветен говор на политичар на земја кандидат.

„Бугарија ја бранеше европската перспектива на Албанија и почетокот на преговорите за членство во ЕУ, дури и кога беше потешко од денес. Горчливи коментари на толку ниско ниво не можат да се оправдаат со карактерот и недостатокот на способност за европска комуникација“, соопштија од Министерство за надворешни работи на Бугарија.

Сè додека европската перспектива на двете земји е блокирана со бугарското вето, Рама нема да се откаже.

„Ох! Бугарското Министерство за надворешни работи има проблем со мојот начин на зборување. Така е! И јас имам проблем со начинот на кој Бугарија сака да ги реши билатералните прашања користејќи го процесот на проширување како средство за киднапирање на две членки на НАТО. Полека пријатели: Тргнете го ветото или ќе треба да ме трпите“, изјави Еди Рама, Премиер на Албанија.

Инаку, на овој Самит, Украина и Молдавија добија статус на земји-кандидати за членство во ЕУ./Alsat.mk

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button