ВЕСТИРЕГИОН

Петков: Уште едни избори ќе бидат катастрофа и загуба на историско време

Уште едни избори ќе бидат катастрофални и губење на историско време, изјави премиерот Кирил Петков, пренесоа бугарските медиуми.

Advertisements

„Видовме дека има храбри и одговорни луѓе и сега мора да се следи нивниот пример“, рече Петков, откако неколкумина пратеници од „Има таков народ“, на чело со министерот за спорт во оставка Радостин Василев, објавија дека ја напуштаат пратеничката група.

„Се фокусиравме да имаме 121 пратеник кои нема да се зависни, да нема кој да ја спречи промената во антикорупциската комисија, да нема кој да го запре буџетот. Радостин Василев и пратениците порачаа дека нивната лојалност е кон Бугарија. Сега прашање е да се следи нивниот пример со уште 7 лица“, рече Петков.

Тој беше дециден дека нема задкулисни договори и изрази уверување дека „Продолжуваме со промената“ ќе добие и други поддржувачи.

„Продолжуваме да разговараме со многу луѓе, идејата е секој да ја сфати огромната одговорност што ја носи. Ако немаме 22 предлог-закони до крајот на годината, губиме 12 милијарди од европски фондови, нема ажурирање на пензиите, младите семејства нема да добиваат дополнителни даночни олеснувања, цените на горивата продолжуваат ќе продолжат да растат и веројатно уште еден бран ковид доаѓа наесен“, рече Петков, објаснувајќи што ќе се случи доколку Собранието не го усвои ажурирањето на буџетот и се покренат нови предвремени избори.

„Уште едни избори ќе бидат погубни и губење историско време“, додаде Петков.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button