МАКЕДОНИЈА

На територија на град Скопје изречени вкупно 157 мерки за сообраќајни прекршоци

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изрече вкупно 157 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се и 13 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, осум мерки за поминување на затворен сигнал (црвено светло), четири за прекршоци што ги прават пешаците, осум мерки за користење на мобилен телефон.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button