ВЕСТИРЕГИОН

Петков за апсењата на Борисов: Ќе видиме дали обвинителството ќе застане на страната на народот

Бугарскиот премиер Кирил Петков, во видео порака објавена и на неговиот Фејсбук профил, изјави дека апсењата на поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, поранешниот министер за финансии, Владислав Горанов, и Пи-Арот на Борисов, Севдалина Арнаудова, покажуваат дека никој не е над законот.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков во пораката кажува дека Европското обвинителство во моментов ја истражува злоупотребата на европските фондови и средства. Но, тој запраша каде е бугарското обвинителство и дали конечно ќе застане на страната на бугарскиот народ.

„Мојата улога е да им дадам целосна слобода на сите тела да дејствуваат во согласност со нивните законски овластувања. Никој не треба да се плаши од вистината! Само без страв од недопирливите Бугарија може навистина да се промени“, додаде Петков.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button