СВЕТ

Петмина загинати во терористички напад кај турска воена база во Сомалија

Пет луѓе лица загинаа, а 14 се ранети во самоубиствен бомбашки напад во главниот град на Сомалија, Могадишу, во близина на воена база на Турција, нејзина најголема надвор од земјата.

Турција е активна во Сомалија во областа на армијата, развојот, здравството и образованието.

Турскиот министер за здравство на Твитер објави дека меѓу загинатите има и двајца Турци.

„Остро го осудуваме овој гнасен напад врз вработените во турска компанија која ја започна изградбата на патот Могадишу – Афгоје и придонесува во развојот и просперитетот на Сомалија“, се наведува во соопштението од турското Министерство за надворешни работи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button