ЗАБАВА

Најчудниот колекционер, собира работи коишто не му се допаѓаат

Човек од Нов Зеланд може да се нарече најчудниот колекционер на светот, бидејќи има многу голема колекција на нешто што не му се допаѓа. Нил Скалан потрошил околу 200 000 евра за да купи 3029 комплети на играта Монопол, што никогаш не ја играл. Овој 51-годишник започнал да ја купува играта во 2005 година и не отворил ниту еден од комплетите што самиот ги купил: „Ако ги отворам, губат 80% од нивната вредност“.

Тој бара нови сетови, но има и многу странци кои му нудат специјални комплети со цел да ја збогати колекцијата.

„Знам дека е невозможно да го купам секој сет што е во оптек, бидејќи низ светот има 10.000 верзии на Монопол, но давам се од себе. Купувам скоро секој ден по една. Најскапиот комплет што го купив беше 500 евра“, вели колекционерот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button