МАКЕДОНИЈА

2020 година заврши со над 2.500 починати и околу 20 илјади активни случаи на ковид 19

Македонија ја заврши 2020 година со околу 19.300 активни случаи на ковид 19 и 2.510 починати. Од 26 февруари минатата година, кога официјално беше регистриран првиот случај на ковид 19 во Дебар, до 31 декември, здравствените власти дијагностицираа 83.743 лица со корона вирус. Во Институтот за јавно здравје и други центри за тестирање, вклучително и приватните, тестирани се околу 22 проценти од популацијата, односно над 402 илјади луѓе.

Првите мерки Владата ги воведе на 10 март, а Дебар беше ставен во 30 – дневен карантин. Во март, април и мај, кога Министерството за здравство го вклучи алармот за првиот бран на вирусот, беа спроведени построги мерки, како што се ограничувања на слободното движење, полициски час и ограничувања на работата на угостителските објекти заедно со трговските центри. Во меѓувреме, се затворија и училиштата, а државните институции започнаа да спроведат работата во смени.

Во текот на летото, кога заразата беше во опаѓање, властите започнаа со ублажување на мерките. Дури политичките партии најдоа заеднички јазик за парламентарни избори. По формирањето на новата Влада, започнаа најавите за втор бран кој, како што изјави министерот за здравство, Венко Филипче, дојде побрзо од очекуваното. Во текот на октомври, ноември и средината на декември е забележан најголем број на заразени и жртви, но и покрај алармантните бројки, мерките за заштита не беа исти како на почетокот.
Сега надлежните чекаат кај нас да пристигнат првите дози на вакцината. Владата потпиша договор со АстраЗеника врз основа на Ковакс механизмот, а првите дози на вакцини се очекува да пристигнат во февруари.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button