МАКЕДОНИЈА
Петровска: Невистина се тврдењата дека наши воени разузнавачи се уапсени во Косово

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат ги отфрли како невистинити тврдењата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен прв човек на военото разузнавање, Драган Ковачки, кој излезе со тврдење дека оперативци од македонското воено разузнавање се уапсени на територијата на Косово.
„Апсолутно – не! Да ви бидат уапсени ваши припадници на територија на друга земја значи непријателство меѓу тие две земји. Што не е случај со Република Косово. Особено не во областа на одбраната. Соработката меѓу двете воени служби е на високо ниво. Не гледам причина зошто би биле уапсени“, рече министерката Петровска.