ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Петровска – Протераните руски дипломати сакале да се мешаат во националните интереси на Скопје

Тројцата руски дипломати кои неодамна беа протерани од Северна Македонија се лица кои работеле спротивно на дипломатските правила и се обиделе, односно сакале да се вмешаат во стратешки национални интереси на државава, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска на 26 септември.

Advertisements

Стратешката цел на земјава е членство во НАТО и Европска унија (ЕУ) и секој што ќе го попречи тој пат не може да биде пријател на државата, рече министерката на денешната прес-конференција во Скопје со словенечкиот министерот за одбрана, Марјан Шарец, одговарајќи на новинарско прашање.

Македонското Министерство за надворешни работи (МНР) на 16 септември потврди дека од земјата биле протерани тројца руски дипломати.

„Што се однесува на последното протерување засега станува збор за лица кои работеле спротивно на дипломатските правила, меѓутоа очигледно е дека со правилата согласно речникот на безбедносно – разузнавачките служби се обиделе или сакале да се вмешаат малку повеќе во стратешките национални интереси на нашата држава“, изјави министерката.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button