ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Петровска: Размената на информации со НАТО е безбедна

Официјална Москва го оцени како „непријателски чекор“ протерувањето на петтемина руски дипломати од земјава. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова коментира дека Скопје го продолжува курсот кон вртоглаво рушење на билатералните односи и го жртвува сопствениот суверенитет. Петтемина дипломати вчера беа прогласени за непожелни личности и имаат пет дена да ја напуштат земјава. Одлуката е донесена поради прекршување на Виенската конвенција, но МНР не сподели други детали. Одговарајќи на новинарско прашање, министерката за одбрана Славјанка Петровска рече дека МНР одлуката ја донело врз основа на информации од безбедносно-разузнавачките служби.

„Таа размена на информации кои ние ги добиваме и ние ги враќаме назад преку системот за комуникации на НАТО-каналите е безбеден. Се работи за систем кој е менаџиран и управуван од НАТО структурите“, изјави Славјанка Петровска – министерка за одбрана. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button