МАКЕДОНИЈА

Петровска: Сѐ уште не е доволно направено во борбата против корупцијата

Иако имаме големи резултати во борбата против корупцијата, тоа не е доволно, вели во вечерашното издание на емисијата „Патот кон“, Славјанка Петровска од владејачката СДСМ. Говорејќи за најновата извршна наредба од претседателот на САД, Џо Бајден, во која се потенцира важноста од борбата на државите против корупцијата, Петровска вели:

„Без оглед на резултатите кои навистина беа големи изминатиот период и се направија на полето за борба против корупцијата, сметам дека засега не се доволни и треба да се зголемат, затоа што корупцијата е нешто што штети и на политичките процеси во државата, но и на мирот и стабилноста“, рече Петровска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button