ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Пецаков: Нереални се ветувањата за завршување на автопатот до крајот на годинава

Ветувањата на власта дека автопатот Охрид – Кичево ќе биде готов до крајот на 2023 година се нереални, вели охридскиот градоначалник Кирил Пецаков. Со оглед на динамиката со која се гради, напредок нема.

„Ќе пуштиме една лента колку да замачкаме очи, меѓутоа ние со тоа не го решаваме проблемот, туку се префрламе од една на друга летна, а суштински немаме никаков напредок, а за жал се повеќе сообраќајки, се повеќе и повеќе луѓе го губат својот живот“, рече Пецаков.

Пецаков ги оцени за смешни изјавите на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, дека на автопатот работат 900 работници. Автопатот кој почна да се гради во 2014 година, требаше да биде олеснување и за бизнисот.

„Едноставно и тие се прашуваат кога и на кој начин ќе биде полесно за да се стигне до самата локација.Понекогаш подолго ќе ви треба да стигнете до аеродромот во Скопје, отколку да летнете до било која дестинација во Европа“, рече Виктор Мизо, менаџер на фабрика во Охрид.

Лошата инфраструктура влијае и на мобилноста на работната сила.

„Ако има такво автопатско решение тогаш ќе имаме можност да привлечеме луѓе од други делови на државата, бидејки тогаш ако транспортот е пократок или ако е многу лесно за викенд да се враќаат дома ,сметаме дека ќе бидеме не само покункорентни, и да не размислуваме само за мнозинство од нашите вработени да биде од радиус од 20 километри од овде“, додава Мизо.

Последниот договор со кинеската фирма Синохидро која го гради автопатот достигна 600 милиони евра.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button