ЕКОНОМИЈА

Тоалетната хартија, влажните марамици, пелените и хигиенските влошки ќе имаат замрзната цена

Тоалетната хартија, влажните марамици, пелените за деца и возрасни и хигиенските влошки ќе имаат замрзната цена и ќе бидат намалени за 13 отсто, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Ова замрзнување, според него, ќе значи одредување на највисока цена по која може да се продаваат продуктите.

„Согласно одлуката, која денеска ќе биде на седница на Владата, се утврдуваат највисоки цени на тоалетна хартија, влажни марамчиња, пелени за деца и возрасни (дајперси) и хигиенски влошки кои се применувале на 20 март во трговијата на мало, кои цени се намалуваат за 13 отсто“, рече Бектеши.

Оваа одлука стапува на сила по објавување во Службен весник, а ќе се применува од 1 април 2023 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button