ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Електра Солушн добила лиценца за надзор за рекордни четири дена

Компанијата Електра Солушн која е една од фирмите кои ќе го вршат надзорот на работата на Бехтел и Енка обезбедила лиценца А за вршење на дејноста во рекордно време од само четири работни дена. Јавно достапните информации покажуваат дека огласот е објавен за 15ти септември, Електра Солушн аплицира на 27 истиот месец, а потребниот документ од Министерството за транспорт и врски го добила на трети октомври. Во „Економски магазин“ на Алсат кој ќе се емитува вечерва во 22 часот и 15 минути, ресорниот министер Благој Бочварски не одговори дали друга фирма некогаш има добиено лиценца А, за само четири дена.

„Ние согласно законот бараме од Комората на инжинери и архитекти да ни потврди дали инжинерите кои се вработени или ги приложува таа компанија до Министерството за транспорт имаат валидни овластувања. Значи, ние се обраќаме до друга институција. Кога ќе ни одговори таа институција ние тогаш постапуваме. И ако сите други документи согласно законот за градење се прибавени и се комплетни во предметот ние тогаш ја издаваме таа лиценца“, рече Бочварски.

Нов според момент во целата постапка во изборот на надзорот е начинот на кој бил исполнет еден од критериумите на огласот. Имено, потребно било, компанијата да има вработено најмалку четири инжиНери, од кои двајца да имаат овластување да вршат надзор. Достапните податоци покажуваат дека двајца од четворицата инжинери се вработени на плус 40 часа неделно, што значи дека тие лица работеле и во друга компанија истовремено. Интересен е податокот кој покажува дека еден инжинер е вработен на денот кога компанијата аплицирала на тендерот, на 27ми септември. Главна фирма во вршењето на надзорот ќе биде ИРД Инжинеринг, следуваат, Електра Солушн, Ептица и Евроконсалтинг. За нивната работа од државата ќе добијат 22, 2 милиони евра.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button