РЕГИОН

Петти ден антивладини протести во Бугарија


Илјадници демонстранти излегоа на улиците на бугарскиот главен град Софија веќе петти ден барајќи, оставка на владата на премиерот Бојко Борисов поради корупцијата- Протести се одржаа и во најмалку десет други градови, вклучувајќи ги Варна и Бургас на Црното Море и вториот по големина град Пловдив. Во Софија, протестите на кои се осудува корупција и мафијашко однесување во членката на ЕУ се одржаа во близина на претседателството и Советот на министри.

Подоцна тие се насочија кон Министерството за внатрешни работи, каде демонстрантите го осудија наводното полициско насилство на претходниот протест и побараа оставка од министерот за внатрешни работи Младен Маринов. Министерството соопшти дека го испитува инцидентот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button