ВЕСТИЗДРАВСТВО

Пикот на заболени од грип се очекува кон средината на февруари

Почетокот на второто полугодие за учениците и дружењето во затворен простор поради ниските температури се дел од факторите што може да допринесат за зголемување на бројот на заболени од грип.

Според надлежните, пикот на заболените се очекува кон средината на февруари.

Портпаролот на Комисијата за заразни болести Злате Мехмедовиќ вели дека секоја година се зголемува бројот на заболени од грип до средината на февруари, кога се очекува пикот.

Тој вели дека со години пикот е во втората половина на февруари.

„Ќе растат бројките уште, но, споредено со минатите години, нема никаква разлика во однос на тоа како е сега. Дури ако споредиме со лани, оваа година состојбата со заболени лица од грип е нешто подобра. Тоа што бројот на заболени ќе расте, не зависи само од училиштата, таква е динамиката на раст на бројот на заболени од грип“, вели Мехмедовиќ во изјава за МИА.

Децата што веќе имаат развиено симптоми што наликуваат на грип, Мехмедовиќ препорачува да бидат изолирани и да не одат на училиште.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button