ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ПИСА – одличен резултат по математика добиле само 1% од нашите ученици

ПИСА - одличен резултат по математика добиле само 1% од нашите ученици

Вака изгледа мапата со резултати од ПИСА за 2022 година. С Македонија е во темно црвена боја како резултат на ниските резултати од тестовите. Последните резултати во областа на математиката, читањето и природните науки забележаа пад во однос на 2018 година кога исто така нашата земја се најде на дното на листата. Малку подобри резултати од 2015 година се забележани по математиката, додека резултатите од читањето и природните науки се на речиси исто ниво како во 2015 година.

„Во споредба со 2015 година процентот на ученици со бодови под основното ниво на способности (Ниво 2) е намален за три проценти по математика, не е значително променет во читање и не е значително промене во науката“, велат од ОЕЦД за Македонија.

Во споредба со шесте земји со највисоки перформанси по секој предмет и петте земји со најголемо население со 15-годишни ученици, учениците од С Македонија постигнаа резултати под просекот на Организацијата за економска соработка и развој по математика, читање и природни науки.

Во Македонија, 34% од учениците постигнаа најмалку познавање на математиката на ниво 2, значително пониско од просекот во земјите на ОЕЦД.

„Околу 1% од учениците во Северна Македонија беа најдобри по математика, што значи дека го достигнаа нивото 5 или 6 на тестот по математика ПИСА. Шест азиски земји и економии имаа најголем процент на ученици кои го сториле тоа: Сингапур (41%), Тајпеј (32%), Макао (Кина), (29%), Хонг Конг (Кина)* (27%), Јапонија ( 23%) и Кореја (23%)“, нагласуваат од ОЕЦД.

Кај нас тестот го полагаа 6.610 ученици во 111 училишта. Беа оценувани по математика, читање и природни науки. Од вкупно 81 земја, тие се рангираа на 71 место за владеење на јазикот, на 61 место по математика и на 68-мо за наука.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button