РЕГИОН

Пицула: На Србија ѝ недостасува реален напредок кон ЕУ

Србија изминатите години нема вистински напредок на нејзиниот пат кон Европска Унија, изјави денеска известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, пред европратениците од Парламентарната комисија за надворешни работи.

Advertisements

Извештајот на Пицула се очекува следните недели да биде дополнет и изгласан во Парламентарната комисија.

Тој истакна дека во документот изразува загриженост за прашањата што ги иницираа студентските демонстранти во Србија, кои бараат транспарентност, одговорност и почитување на граѓанските права.

– Целосно е неприфатливо да се поведуваат правни постапки против демонстрантите, како и обвинувања од српските власти против земјите од ЕУ за поттикнување на протестите, наведе Пицула.

Пицула ги повика Белград и Приштина да вложат напори за намалување на тензиите и почитување на постигнатите договори.

– Нормализирањето на односите со Косово е клучно за напредокот на Србија на патот кон ЕУ, истакна Пицула.

Тој наведе дека Србија мора јасно да покаже дека е стратешки ориентирана кон ЕУ.

Србија има кандидатски статус за пристап од 2012 година, а преговорите ги почна во 2014 година, при што досега се отворени 22 од 35 преговарачки поглавја. Две од поглавјата се затворени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button