ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Пластичните амбалажи за примарното пакување не се забранети, велат од Секторот за управување со отпад

Законот со кој се регулира употребата на пластични ќеси се однесува само на тенките кеси за транспорт, но не и на пластичните амбалажи на примарните пакувања, вели во интервју за емисијата „Економски Магазин“, Ана Каранфилова-Мазневска, раководител на Секторот за управување со отпад.

„Овој закон е ограничен само на кесите за носење на стоки и тоа коишто се земаат во маркетите, во пекарите, во секојдневната употреба за храна кадешто и навистина не мора бидејќи храната којашто ја купуваме веќе е во некакво примарно пакување. Примарното пакување од пластика не е забрането“, вели Каранфилова-Мазневска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button