ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Плажите во Охрид заглавија во процедури, оние во Струга ќе работат

Второ лето по ред охридските плажи ќе останат неуредени и со затворени објекти, чекајќи го носењето на планот за управување со Охридското крајбрежје. Во меѓувреме, плажите во Струга ќе функционираат. Министерот за транспорт, Бочварски, нема конкретен одговор за ваквата ситуација.

Advertisements

„…Прво, ние не сме кажале некој да ги отстрани плажите или некој да ги постави плажите. Ние само како и во минатото така и денеска, така и во иднина верувам дека ќе водиме грижа за статусот на УНЕСКО…“, изјави Благој Бочварски-министер за транспорт и врски

На прашањето на Алсат дали е запознаен дека струшките плажи со години работат без договори за концесија, исто како што тоа го правеа и плажите во Охрид, министерот со одговор:

„Сите оние плажи кои се во рамки на Генералните урбанистички планови и на Охрид и Струга, има постапка согласно изработка на урбанистичко планска документација, во согласност со УНЕСКО да се постават такви објекти, односно плажи…“, изјави Благој Бочварски-министер за транспорт и врски

Пред две години, тогашната Владата донесе уредба со законска сила со која им наложи концесионерите на плажите под закуп да го вратат крајбрежјето во првобитна состојба. Општината почна да урива објекти во Охрид, но општина Струга се пожали во Уставниот суд. Судиите донесоа позитивна одлука и го замрзнаа спроведување на уредбата. Немала никаква врска со управувањето на државата во време на пандемија. Но, во Охрид веќе беа урнати многу објекти, а во Струга беа отстранети неколку платформи. Сега на прагот на сезоната охридскиот градоначалник ја обвинува централната власт дека доцни со изработка на планот за управување со Охридското крајбрежје. Поради тоа се кочи и уредувањето на плажите.

„Агенцијата за просторно планирање и Министерството за транспорт и врски, некако дали имаат побитни работи или ова не е нивниот фокус, ништо не се случува периодов, иако имавме чести контакти“, изјави Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид

Министерот Бочварски вели дека има утврдени процедури како општината го регулира прашањето со плажите, а за урбанистичкиот план рече дека е во фаза на изработка и се усогласува со УНЕСКО. /Алсат.мк

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button