СПОРТФУДБАЛ

ПМФЛ: Натпреварите од 9. коло во Првата лига ќе се одиграат в сабота на 2 октомври

Поради квалификациските натпревари на репрезентацијата на Македонија во фудбалот за Светското првенство, натпреварите од 9. коло во Првата лига ќе се одиграат в сабота на 2 октомври. Дербито ќе се одигра на стадионот во Чаир каде актуелниот лидер, Шкупи, ќе се соочи со Работнички. Шкендија ќе игра против Борец, а Ренова ќе ѝ гостува на Македонија Ѓорче Петров. Во истиот термин Скопје игра против Академија Пандев, Брегалница против Струга Трим Љум, а Пелистер се среќава со Тиквеш.

Прва лига – 9. коло

Брегалница – Струга Трим Љум
Скопје – Акад. Пандев
Македонија Ѓ.П. 2–3 Ренова
Пелистер – Тиквеш
Шкендија- Борец
Шкупи – Работнички

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button