МАКЕДОНИЈА

По изборите треба да спроведеме прочистување кај судиите и обвинителите, но прво кај нас политичарите – порача Пендаровски

Веднаш по изборите треба да спроведеме прочистување и кај судиите и кај обвинителите, но, прво, кај нас ‒ политичарите. И за секој, за кого нема логично образложение како со државна плата станал милионер, треба веднаш да следи не само оставка, туку кривична постапка. Ова денеска пред пратениците во Собранието рече претседателот Стево Пендаровски, во дел од годишното обраќање, велејќи дека тоа треба да е и порака и за следниот парламентарен состав.

Advertisements

Тој во обраќањето внимание даде на неколку актуелни случувања, но посебно внимание осврна на правосудскиот систем, нешто што со години наназад се потенцира како слаба карика во функционирањето на државата.

„Со години се соочуваме со отпори од повеќе страни при секој обид за суштински реформи во делот на правосудниот систем. Причина за тоа е спрегата помеѓу делови од политичката и бизнис заедница со дел од судиите и обвинителите која во изминатите децении создаде атмосфера во која развивме ендемска корупција која ја загрозува виталноста на државата. На среден и долг рок, клучен е квалитетот на човечкиот потенцијал, на кандидатите за судии и обвинители. Ниту еден закон не може да ја промени стварноста ако единствен критериум при изборот е негативната селекција базирана на партискиот клиентелизам и врски со олигархијата“, вели Пендаровски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button