ВЕСТИПОСЛЕДНИ

По новиот корона-рекорд Меркел предлага затворање на барови, кина, театри…

Поради рекордниот број на новозаразени од ковид, германската влада денеска пред сојузните покраини ќе претстави план со кој ќе се затвораат рестораните и баровите, а социјалните собири ќе бидат строго ограничени, пренесува Дојче Веле.

Институтот Роберт Кох утрово соопшти дека во последните 24 часа биле регистрирани 14.964 нови случаи на коронавирус- највисока бројка уште од почетокот на пандемијата. Вкупно во земјата досега биле заразени 449.275 луѓе, а починале нешто над 10 илјади.

Според предложените ограничувања, кои треба да влезат во сила од 4 ноември и да траат до крајот на месецот, граѓаните ќе смеат во јавност да се среќаваат само со членови на своето домаќинство и на максимум уште едно друго домаќинство.
Баровите, клубовите и рестораните ќе бидат отворени само за земање храна или пијалоци, престојувањето во хотели ќе биде дозволено само со добра причина, додека кината, театрите и спортските објекти како вежбалните и базените ќе бидат затворени.
Училиштата и градинките ќе останат отворени, но ќе мора да воведат нови хигиенски протоколи.

Бројот на нови случаи од коронавирус во Германија во моментов е далеку повисок од периодот на првиот пик во март и април годинава. Иако во меѓувреме далеку се зголеми и тестирањето, властите сметаат дека растот се должи на социјални собири и ноќниот живот во некои градови и региони.

Извор: Дојче Веле

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button