ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

По зголемениот број на заразени ученици, утре скрининг во училиштата

Утре започнува тестирањето на учениците во основните училишта низ земјата, за да се види колку е раширен коронавирусот кај децата во основните училишта. Скрининг процесот следи по неодамнешниот извештај на Институтот за јавно здравје кој покажа зголемување од 60% на учениците заразени од Ковид19. Комисијата за заразни болести соопшти дека тестирањето ќе се одвива во училиштата, а не во Центрите за јавно здравје како што беше најавено во вторник.

Advertisements

Во меѓувреме, првиот човек на КЗБ соопшти дека од денеска препораките за лекување на пациентите со Ковид19 се јавни на веб-страницата на Министерството за здравство. Тие се достапни за лекарите кои лекуваат пациенти со Ковид19.

Инаку, од почетокот на пандемијата до сега, многу експерти ги критикуваа државните институции дека не се придржуваат до протоколите за третман на пациенти со Ковид, поврзувајќи ја високата стапка на смртност од Ковид со непочитување на протоколите.
Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button