ЕКОНОМИЈА

Телеком ја пушти првата комерцијална 5Г мрежа

Петнаесет градови низ Македонија се покриени со 5 ЏИ мрежата. Со ова Македонски телеком и официјално ја пушти првата комерцијална мрежа од 5 ЏИ во државата. Од компанијата информираат дека паралелно со оваа мрежа ќе функционира и 4 ЏИ. Од овој месец започна имплементацијата на 5G во Скопје и околината, а до мај, сите корисници од главниот град и поширокиот скопски регион ќе имаат пристап до 5G услуги. До крајот на октомври 2022 година, со опрема од најновата генерација ќе бидат покриени 26 градови во Македонија. Од Македонски телеком велат дека оваа технологија ќе биде движечка сила за развојот на нови фукционалности, услуги и производи коишто ќе го поедностават и подобрат животот во сите сфери./Alsat.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button