ВЕСТИЕКОНОМИЈА

За една година нафтените деривати поскапени за 20 денари

Горивата за една година во Македонија се зголемени за над дваесет денари по литар. Алсат анализира, како во период од две години се движеа цените на бензинските пумпи низ земјава. Анализата ја започнуваме со податоците од средината на февруари 2020 година кога 95-ка и 98-ца се продаваа по 65,5 односно 67,5 денари за литар. Дизел горивото тогаш се продаваше за 57,5 денари за литар. Една година подоцна цената на горивата во земјава бележи намалување за околу три денари по литар.

Цени на горива:

11.2.2020 – 17.2.2020 / БС 95- 65,5 ДЕН./ БС 98-67,5 ДЕН / ДИЗЕЛ 57.5 ДЕН
9.2.2021 – 15.2 2021 / БС 95 62 ДЕН/ БС 98 64,5 ДЕН / ДИЗЕЛ 53 ДЕН

Официјалните податоци покажуваат дека подрастичо зголемување на цените на нафтените деривати во земјава започнува во јули 2021 година. За потоа кон крајот на годината бензините да достигнат цени близу 80 денари за литар и безмалку 70 денари за еден литар дизел гориво.

Цени на горива:

2.11 2011 / БС 95 -77 ДЕН / БС 98 – 79 ДЕН / ДИЗЕЛ 68 ДЕН
17. 2. 2022/ БС 95- 82 ДЕН/ БС 98 – 84 ДЕН/ ДИЗЕЛ 74 ДЕН

Од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) велат дека има многу фактори во моментов кои влијаат на светкикте берзи.

„Во овој момент е тешко да се каже до кога ќе оди цената на светските берзи во една нагорна линија, имајќи во предвид дека светските берзи во моментов се многу осетливи на било каква информација поврзана за кризата помеѓу Русија и Украина“, наведуваат од РКЕ.

Засега нема најави од владата дека ќе се откаже од дел од парите кои ги добива од продажбата на нафтените деривати.

Според методологијата, државата од еден литар наточено гориво на бензинските пумпи добива од 36 до 43 отсто од цената. И тоа, по основ на ДДВ, акциза, за животна средина, и за нафтени резерви.

Во последните осум недели по ред регулаторот објавува дека цените на дериватите се во постојан пораст.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button