ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Струга средe пандемија остана без пункт за ПЦР тестови

Среде пандемија, повеќе од 60.000 жители на Струга, за да направат пср тест за ковид 19 и понатаму мора да одат во Охрид, затоа што во нивниот град нема пункт, каде што се земаат брисеви.Во струшките болници можат да се добијат резултати само преку т.н брзи тестови но многумина имаат потреба од ПЦР тест. Матичните лекари велат дека тоа е голем проблем како за нив, така и за нивните пациенти.

„Тешко доаѓаме до термини за пцр тестовите. Може и една недела чекаат пациенти, а во текот на таа недела, пациентот ќе оздрави и ќе ја прележи болеста. Дури да дојдат пациентите на ред за пцр тестот, пациентот треба да почне со нормални обврски. Ако треба да се направи пцр тест од денес, одиме на наредната недела, не можеме за утре или задутре да направиме пцр тест“, рече Хаџер Алиед-матичен лекар.

Алиед вели дека пациентите се снаоѓаат секој на свој начин. Најчесто купувале антиген брзи тестови од аптека. Но, тоа вели не е решение, бидејки пациентите со тој тест не се регистрирани дека се инфицирани од Ковид 19.

„Голема територија е.Подрачјето е населено.Опфатено е населението скоро 90% со вирусот. Така да сите имаат потреба да го прават тестот“, додава Алиед.

Од Центарот за јавно здравје во Охрид велат дека дневно на располагање преку матичен лекар, имаат само педесет термини, наменети за граѓаните на Охрид,Струга, Вевчани и Дебрца.Станува збор за територија со повеќе од 100.000 жители.

„Подобро е и Струга да има локација каде ќе се прават пцр тестови, бидејки на тој начин ќе се растерет гужвата. Летово имавме и до 280 пцр тестови на ден за патување во странство“, наведоа од Центарот за јавно здравје – Охрид.

На почетокот на ковид пандемијата во 2020 година во Струга во поранешниот објект на ЈП Водовод, беше отворен пункт за земање брисеви за Ковид,но набргу истиот беше затворен.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button