ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Средба Петков – Макрон за дијалогот со Македонија

„Веќе постојат конкретни резултати во односите со Скопје“, истакнал бугарскиот премиер Кирил Петков на средбата во Брисел со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. Тој додал дека резултатите се постигнати во многу кус период благодарение на новиот пристап во дијалогот. Како што соопштува бугарската Влада Петков изразил надеж дека подобрувањето на секторската соработка ќе придонесе за постигнување заемно прифатливи решенија за политичките прашања

Темата за македонската евроинтеграција била дел и од разговорите на Петков со францускиот претседател Емануел Макрон.

„Го поздрави овој конструктивен дијалог и тоа што веќе ја имаме првата авионска линија, тоа што направивме толку заеднички проекти и заеднички работни групи. Тој кажа дека оваа е правилната насока и го поздрави брзиот и конструктивен дијалог со Република Северна Македонија“, рече Петков.

Што поскоро да започнат преговорите одново порача вицепремиерот Бојан Маричиќ, на денешната седница на собраниската Комисија за европски прашања, каде после пет месеци од објавувањето, конечно се разгледуваше Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава.

„Република Северна Македонија има најдобро, најголемо, највисоко ниво на подготвеност во регионот со средна оценка 3,02. Особено од областите во кластерот 1 – темели. Ова ниво на подготвеност дури е и повисоко во однос на државите коишто веќе преговараат Европската унија и тоа цела декада, зборувам за Србија и Црна Гора“, рече Бојан Маричиќ – вицепремиер за европски прашања.

„Не можеме да бегаме од реализација на Договорот за добрососедство, како и од пакетот „4+1“. Фокусирани сме максимално да ги започнеме преговорите. Еве и во овој Извештај се истакнува за напредокот на земјата за членство и неопходна е нашата посветеност на добрососедските односи“, изјави Арбер Адеми – претседател на Комисија за европски прашања.

Пратеничката на СДСМ, Снежана Калеска Ванчева се надева дека Македонија пристапните преговори ќе ги започне годинава и ќе се надмине, како што рече, ирационалниот спор со Бугарија. Пратеничката од опозицијата, Гордана Силјановска Давкова пак, потсети дека демократија се учи во друштво на демократи, но дека дел од бугарските барања не се во европски манир.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button