МАКЕДОНИЈА
Почина д-р Фатмир Рушани, началник на кожното одделение во тетовската болница

На 65 години почина познатиот тетовски лекар, началникот на кожното одделение при Клиничката болница Тетово и специјалист дерматовенеролог Фатмир Рушани. Голем број роднини и колеги ја споделија веста по социјалните мрежи, а веста ја потврдија и од Клиничката болница во Тетово.
-Роден на 3 мај 1956 година. Дипломирал на универзитетот во Приштина во 1984 година, додека специјализирал дерматовенерологија на државниот универзитет во Скопје во 2003 година, информираа од неговото семејство.