ВЕСТИРЕГИОН

Несреќа во Албанија; Почина научник од Осиек, спасени седум планинари

Една државјанка на Хрватска загина откако се лизнала на планината Језерски врв, соопшти планинската спасувачка служба во Албанија. Според соопштението, досега се спасени 7 планинари, четворица државјани на Хрватска и тројца на Србија.

Како што јавија локалните медиуми, загинатата Хрватка била научник од Осиек.

„Нашиот тим заедно со албанската државна полиција и припадник на службата за пребарување и спасување на планина започнаа спасувачка акција од долината Валбона. Планинарите со хеликоптер се  пренесени до најблиската точка каде што беше можно слетување. Прво пристап е направен до  Љ.Ж., родена 1981 година, која се здобила со смртоносни повреди и е пронајдена без знаци на живот. Сите се пренесени во најблиската болница“, соопштија од службата за пребарување и спасување на планината.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button