ПОСЛЕДНИСВЕТ

Почина првиот човек на „Самсунг“ кој малата компанија ја претвори во гигант!

Ли Кун Хи, првиот човек на јужнокорејскиот гигант, компанијата Самсунг, почина на 78-годишна возраст.

Заслужен е за трансформација на малиот бизнис, основан од неговиот татко, во денешниот Самсунг, глобален економски гигант кој работи во области од производство на електроника, преку осигурување, до транспорт.

Ли беше најбогатиот јужнокореец со проценето богатство од околу 21 милијарда долари, според списанието Форбс, пренесува BBC.

Точната причина за смртта не е наведена, а компанијата објави дека Ли починал опкружен со членови на неговото семејство.

„Сите ние, вработени во Самсунг, со благодарност ќе го паметиме човекот што не водеше“, се вели во соопштението на компанијата.

Ли се приклучил на семејниот бизнис во 1968 година, ја презел компанијата во 1987 година по смртта на неговиот татко и ја трансформирал – од компанија што произведува ефтини, ниско квалитетни производи во светски познат производител на квалитетна електроника.

Првиот човек на Самсунг ќе остане запаметен по реченицата што им ја упати на своите вработени во 1993 година: „Ајде да промениме сè, освен нашите жени и деца“.

Самсунг тогаш уништи 150.000 парчиња мобилни телефони за да започне нова, модерна и динамична фаза на експанзија на глобалниот пазар и развој на компанијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button