ВЕСТИСВЕТ

Нов Зеланд со референдум легализираше евтаназија

Граѓаните на Нов Зеланд гласаа за легализација на евтаназијата, покажаа денес прелиминарните резултати од референдумот одржан во средината на октомври.

Според тие резултати, 65,2 проценти од граѓаните го поддржаа Законот за избор на крај на животот, кој ќе стапи на сила како нов закон.

Овозможува смртно болни лица, на кои според прогнозите на лекарите не им преостанува повеќе од шест месеци живот, да се упокојат со медицинска помош ако тоа го одобрат двајца лекари, пренесува Би-Би-Си.

Како што е наведено, законот ќе стапи на сила во ноември 2021 година.

Со усвојувањето на овој закон, Нов Зеланд ќе се приклучи на мала група на земји кои ја поддржуваат евтаназијата, како што се Канада и Холандија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button