РЕГИОН

Почна изборната кампања за парламентарните избори во Косово

Почна изборната кампања за парламентарните избори во Косово

Политичките партии во Косово ја започнаа кампања за парламентарните избори закажани за 9 февруари. Самоопределување синоќа одржа митинг во Митровица од каде што Курти рече дека повеќе нема да има владеење на криминалните банди.
Курти рече дека неговата влада го искористила сојузот со Западот за зајакнување на армијата и заштита на косовската граница.

Advertisements

Демократската партија на Косово ја започна кампањата во Феризај, од каде ветија развој во економијата, образованието, здравството и безбедноста за сите граѓани на Косово.
Коалицијата на Алијансата со партнерите, предводена од Рамуш Харадинај и Фатмир Лимај, ја започна кампањата со митинг во Приштина. Лимај ги покани граѓаните да се обединат околу оваа коалиција со цел да создадат големи дела.

Демократскиот сојуз на Косово ја започна кампањата пред два дена критикувајќи ја владата за лошо управување и ветија милијарди евра инвестиции за следните четири години./Aлсат.мк

Шкелзен Аќифи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button