Почна со работа пунктот за нови документи без закажување

Некој за лична карта, а друг за пасош или возачка дозвола. Долга колона граѓани денеска се наредија пред пунктот за промена на личните документи каде не е потребно да се закажува термин. Пуштен е во употреба пунктот во полициската станица „Пролет“. Дневно ќе може да се фотографираат по околу 1.000 лица. Граѓаните со кои зборувавме велат дека отворањето на ваков пункт било неопходно, но државата предоцна се сетила.
Министерот Спасовски рече дека очекува во предвидениот рок сите граѓани да се снабдат со нови документи.
Но, ВМРО-ДПМНЕ го обвини Спасовски за хаосот пред пунктот и побара одговорност и оставка од него.
Според Министерството за внатрешни работи, досега повеќе од 80% од граѓаните ги смениле своите документи со новото уставно име.
Ајнур Бафќари