ВЕСТИРЕГИОН

Почна средбата меѓу Курти и Вучиќ во Брисел

Во Брисел е во тек заедничка средба меѓу премиерот на Косово Албин Курти и претседателот на Србија Александар Вучиќ со претставници на Европската унија како дел од новата рунда дијалог меѓу Приштина и Белград на највисоко политичко ниво. Домаќини на состанокот се високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак. Борел, кој пред дијалогот одделно се сретна со Курти и Вучиќ, напиша на Твитер дека очекува двајцата лидери да бидат отворени и флексибилни за да постигнат заеднички став.

„Неодамнешните тензии на северот на Косово уште еднаш покажаа дека е време да се оди напред кон целосна нормализација. Очекувам двајцата лидери да бидат отворени и флексибилни за да најдат заеднички јазик“, напиша Борел пред средбата. По средбата со Борел, Вучиќ на Инстаграм напиша дека почнуваат разговори за „суштинските проблеми“ на Косово и дека се надева на некакво решение иако, како што наведе, „воопшто не верува во тоа“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button