ВЕСТИРЕГИОН

Вооружен напад во Албанија, има жртви

Две лица се убиени, а сторителите се во бегство откако на патниот правец на излезот од село Панаја, недалеку од Валона, Албанија, отвориле оган врз возилото во кое биле жртвите.

Автомобил тип „БМВ“ без регистарски таблички е пронајден во селото Червен, на патната оска Леван – Тепелен, за кој полицијата се сомнева дека е на напаѓачите.

Според полициски извори, во возилото кое било опожарено, се пронајдени 3 автоматски, пушки кои можеле да бидат употребени при убиството.

„Истражниот тим под раководство на Обвинителството на Судскиот округ на Валона е на местото на инцидентот, каде што продолжува работата за расветлување и целосно документирање на околностите на инцидентот, идентификација и фаќање на сторителите, како и идентификување на двајцата државјани пронајдени без знаци на живот.

Полициските служби на ДВП Валона, Делта Форс, во соработка со ДВП Фиер, поставија контролни пунктови и го чешлаат теренот за да се овозможи фаќање на сторителите“ – велат од полицијата.

Тешкиот инцидент се случил околу 09:50 часот, на излезот од село Панаја, при што во неразјаснети околности загинале две лица. لعبة الروليت اون لاين Врз возилото со кое се движеле било пукано од задната страна, при што излетало од патот и завршило во канал. ماكينات القمار على الانترنت

Сѐ уште нема други детали за инцидентот, а патот е блокиран. حكم القمار في الالعاب

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button