ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Почна судењето на Мухамед Зеќири, го бранат тројца адвокати

Не се чувствувам виновен, рече на почетокот на судското рочиште поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, откако обвинителката Катерина Коларевиќ го прочита обвинението. Државата го товари дека без тендер потпишал два договора во четири очи, оштетувајќи го буџетот на државата за 1 милион и 450 илјади евра.

Advertisements

„Обвинителството ќе докаже дека иако обвинетиот како генерален секретар на Владата бил задолжен да изработи постапка во чии рамки ќе биде ангажирана фирма, консултантска куќа, која ќе го понуди предлог-моделот за реструктуирање на А.Д. Пошта, тоа не значи дека власта го ослободила од одговорноста да ги почитува законите, односно Владата со овој заклучок не му дала одврзани раце да склучува договори во четири очи со правни лица за кои сметал дека се надлежни“, рече Катерина Коларевиќ, обвинителка.

Обвинителката додаде дека ќе докаже и оти компанијата Интер-Холдинг била основана непосредно пред Зеќири да склучи договор со неа и оти не вршела друга дејност. Таа рече дека Зеќири не ги почитувал основните начела на Законот за јавни набавки, а тоа, меѓу другото е постоење на конкуренција, транспарентност и недискриминација.

Од друга страна, Зеќири на рочиштето дојде со тројца адвокати. Tие беа убедени дека ќе докажат оти не го сторил делото за кое е обвинет.

Вујиќ додаде дека Зеќири бил ангажиран од Владата да ја спроведе споменатата процедура и оти единствена цел му била да се запре оштетувањето на државниот буџет од страна на Македонски пошти и Железницата, бидејќи тие постојано работат со загуба. Одбраната побара на едно од следните рочишта да сведочат Фатмир Битиќи, Благој Бочварски и Јани Макрадули. Процесот го води судијката Франка Јанчулева Михаиловска. Следното рочиште е закажано за 30 јануари.

Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button