ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Почнаа ноќи на загаден воздух, најзагадено во Лисиче, Струмица, Кавадарци

Вечер на загаден воздух. Мерните станици во доцните часови веќе почнуваат да го достигнуваат пикот на аерозагадувањето есенва. Во Скопје вчеравечер најзагадено беше во Лисиче, каде се измерени 209 ПМ10 честички во воздухот. Во Струмица пак, беа измерени најмногу, 266 микрограми. Во Велес и Кавадарци имаше по 230, а во западна Македонија најзагадено беше во Кичево со концентрација од 162 ПМ10 честички во воздухот.

Прашавме во Државниот инспекторат за животна средина дали и колку често вршат инспекции во индустриските капацитети во градовите каде загаденоста е енормна?

Државен инспекторат за животна средина

„Државниот инспекторат за животна средина има одредена динамика за инспектирање на индустријата врз основа на процена на ризик и изготвува два шестмесечни извештаи за своето работење.“

Инаку, денеска во еден момент мерната станица во Кавадарци покажа дека нивото на загаденост е енормно, 927 микрограми. Но, од Министерството за животна средина тврдат – имало прекин на струјата во мерната станица, па покажала нереална вредност.

Министерство за животна средина и просторно планирање

„По доаѓањето на електричната енергија, мерните инструменти се рестартирани. Појавените високи вредности… се невалидни.“

Покрај индустријата, како други главни причини за аерозагадувањето се загревањето на домаќинствата, согорувањето на јаглен, пластика и гуми, транспортот и градежништвото.

ЗАГАДУВАЊЕ

СКОПЈЕ – ЛИСИЧЕ 209 ПМ10

СТРУМИЦА – 266 ПМ10

КАВАДАРЦИ – 230 ПМ10

ВЕЛЕС – 230 ПМ10

КИЧЕВО – 162 ПМ10

Igor Stojanovski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button