ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Почнува ново судење за „Таргет-тврдина“

Два месеца од укинувањето на пресудата за „Таргет-тврдина“, во која поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Сашо Мијалков беше осуден на 12 години затвор, денеска започнува новото судење.

Претседателот на судот Иван Џолев минатата недела најави дека, поради опасноста предметот за застари, со судијата веќе е договорено процесот да се интензивира.

По денешното, ново рочиште е закажано веќе за утре кога обвинетите ќе се произнесат за вина, по што судијата ќе треба да одреди динамика за идните судења.

Инаку, Мијалков, во моментов, е на издржување затворска казна за друго дело во затворот во Струга од каде со полициска придружба треба да биде донесен до Кривичниот суд во Скопје.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button