ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поднесена пријава против поранешен висок полициски функционер

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешната помошничка министерка ангажирана во Центарот за обука во Идризово, Суза Трајковска. Сомнежите на МВР се дека таа во текот на септември и октомври 2023 година, кршејќи го законот, продолжила со обука на кандидати за полицајци.

„На лицата со кои МВР има склучено договор за основна обука за полицаец (генерација 2023/2024) им овозможила да ја продолжат обуката и покрај тоа што договорот со нив бил откажан бидејќи не ги постигнале потребните бодови за да продолжат со обуката на следно ниво. Таа самоиницијативно одлучила да продолжи со обуката со прифаќање на жалбите и повторно тестирање и потпишување договори за работа со нив, иако во такви ситуации законот предвидува спорот да се решава по судски пат“, велат од МВР.

Според полицијата, со постапките на Суза Трајковска е оштетен буџетот на МВР за околу 190 илјади денари, бидејќи им овозможила на кандидатите да продолжат со обука и да престојуваат во Центарот за обука, со сместување и храна за нив. Суза Трајковска на оваа функција е избрана во времето на поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Таа претходно била вработена во Центарот за обука во Идризово. Во 2020 година, тогашната опозиција реагираше на нејзиното назначување на оваа функција бидејќи, според нив, Трајковска била претседателка на форумот на жени во СДСМ за огранокот Гази Баба и нејзината функција во МВР е во спротивност со законот.

Линда Ебиби

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button