МАКЕДОНИЈА

Поглаварот на ИВЗ со бајрамска честитка до верниците

Поглаварот на Исламската верска заедница упати честитки до сите муслимански верници. Во својата порака Реисот Фетаи повика на солидарност со сиромашните, бездомниците и сирачињата.

„Во овие празнични денови насекаде се подава рака на милосрдието бидејќи овој празник буди радост и среќа во нашите семејства и во нашите срца, ја зајакнува меѓучовечката љубов. Но, во овие среќни празнични денови, Рамазан нè учи да не ги забораваме нашите луѓе кои имаат потреби: сиромашните, бездомниците, сираците, но и нашите исламски институции. Затоа, на крајот на Рамазан сме обврзани со делење на садакатул фитр, како што нè информирал Пратеникот на Алах дека со делење садакатул фитр го прочистуваме нашиот пост од евентуални пропусти. Со еден збор, Фитр Бајрам е триумф на доброто над злото, на духовното над материјалното, на моралот над неморалот, на трпението над нетрпеливоста, на божественоста над сатанското. Сето ова нè прави да бидеме луѓе од акција, луѓе кои повикуваат да се негуваат и прават добри дела и луѓе кои го спречуваат она што е лошо“, порача Шаќир Фетаи, Поглавар на Исламската верска заедница.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button