СВЕТ

Поголем дел од Австралија во карантин, бројката на заразени постојано расте

Австралиските власти денеска ги предупредија жителите на Сиднеј да се подготват за ново зголемување на случаите на ковид-19, откако втор ден по ред беше забележан рекорден број на заразени, и покрај неколкунеделниот карантин во најголемите и другите градови во земјата, во со цел да се запре ширењето на Делта сојот на вирусот.

„Врз основа на трендот и она што се случува во последните неколку дена, очекувам повеќе случаи во наредниот период и само сакам сите да бидат подготвени за тоа“, рече премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклијан во Сиднеј.

Сиднеј пријави рекордни 279 случаи на ковид-19 во последните 24 часа, во однос на претходниот рекорд од 259 еден ден претходно, а австралиската држава Нов Јужен Велс, чиј главен град е, регистрираше рекордни 291 случај, а ден порано 262.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button