ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Внимавајте ако тргате на пат со истечен рок на пасош, може да ве вратат од некоја граница

Министерството за надворешни работи сè уште не добило никаква потврда од другите држави дали ќе ги признаат истечените пасоши на нашите граѓани за период од шест месеци. Иако од 1 јули стапуваат во сила измените и дополнувањата во Законот за патни исправи, нашите граѓани сè уште немаат гаранција дали ќе можат слободно да патуваат со пасош со истечен рок.

Министерство за надворешни работи

„Сите дипломатски и конзуларни претставништва на земјата се информирани за промените во законот, а тие потоа ги известиле надлежните тела на соодветните земји. Сè уште ги чекаме конечните одлуки во врска со прифаќањето на оваа можност.“

 Граѓаните кои се враќаат во земјава ќе нема да имаат никакви проблеми, но од МНР сугерираат поаѓањето на пат со пасош со истечен рок да се остави како последна опција бидејќи некои земји имаат визни режими и рокови. Од МВР велат дека доколку законот бил поинаков, со едноставна жалба за дискриминација би бил поништен во Уставниот суд.

Министерство за внатрешни работи

„Овој закон е ист за сите граѓани на земјата, не можеме да донесеме закон што ќе важи за некои граѓани, а за некои други не. Ние како министерство ги известивме сите гранични премини да ја прифатат валидноста на истечените пасоши. Но, на граѓаните кои се наоѓаат во земјава им се предлага да извадат нови пасоши. Сега ќе почнат да се издаваат со новото уставно име.“

Според измената на законот, важноста на истечените документи се продолжува до 31 декември. Слична ситуација имавме и лани кога поради недостиг на нови пасоши за време на врвот на пандемијата, со владин декрет беше овозможено нашите граѓани останати во други земји поради тогашното затворање на границите, слободно да се вратат во земјава и со истечен пасош.

Adnan Qaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button