РЕГИОН

Покрената иницијатива за гласање недоверба во грчкиот парламент

Во Грчкиот парламент е покрената иницијатива за гласање недоверба на владата поради железничката несреќа во Темпи на 28 февруари 2023 година, во која загинаа 57 лица. Барањето го поднесоа 85 пратеници од опозициските партии ПАСОК, СИРИЗА, Нова слобода и Нова левица, кои го обвинуваат премиерот Киријакос Мицотакис и неговата влада за неадекватни безбедносни мерки и прикривање на фактите.

Advertisements

Опозицијата нема мнозинство за да ја изгласа интерпелацијата, а премиерот ја одбил иницијативата. Во Грција продолжуваат протестите по повод годишнината од трагедијата. Синоќа во центарот на Атина се случија серија инциденти по завршувањето на протестот.

Групи маскирани лица ја нападнаа полицијата со молотови коктели и други предмети, на што полицијата одговори со шок бомби и солзавец. Инцидентите се проширија околу плоштадот Синтагма и околните улици, а маскираните лица запалија канти за отпадоци.

Протестот беше организиран од различни здруженија, синдикати и студентски групи, кои бараат одговорност од власта.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button