МАКЕДОНИЈА

„Полиграф“: Николоски дезинформира дека земјава не ги започнала преговорите со ЕУ

Продолжуваат медиумските манипулации и дезинформации дека Северна Македонија не започнала преговори со Европската унија, и покрај официјалните информации и објави од ЕУ и нејзините претставници дека преговорите се започнати.

На 10 јануари 2024, повеќе медиуми пренесоа Фејсбук статус на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски дека „Македонија не ги почнува преговорите со ЕУ, не заради проблемот со Бугарија, туку заради немање функционален систем на владеење на правото“.

И пред околу еден месец, некои медиуми пренесоа слична порака на Николоски дека „Не се почнати преговорите со ЕУ поради корупцијата и невладеење на правото“.

Но, да повториме уште еднаш: кои се фактите, дали се преговорите започнати или не?  Прво, како што потврди и ЕУ, со одржувањето на првата „Меѓувладина конференција за пристапување на Северна Македонија“, „На 19 јули 2022 година, ЕУ ја започна воведната фаза од пристапните преговори со Северна Македонија“.

Второ, на 8 декември 2023, Европската Комисија објави дека состаноците за скрининг процесот се комплетирани, а дека скринингот е прв чекор во процесот на пристапни преговори.

Освен тоа, и во заклучоците на Европскиот совет од 14 и 15 декември 2023 година, во точка 18, како единствен услов за комплетирање на воведната фаза од пристапните преговори се спомнуваат уставните измени.

Токму затоа, повторуваните тврдења дека „Македонија не ги почнува преговорите со ЕУ“, и дека „не се почнати преговорите со ЕУ“ поради владеење на правото може да се оценат како уште една епизода во серијата манипулации и дезинформации за ова прашање. Пристапните преговори со ЕУ започнаа во 2022 година со првата меѓувладина конференција и скринингот, а нивното продолжување е условено со усвојување на уставните измени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button