СПОРТ

Мира Андреева со најголемата победа во досегашната кариера

Руската тенисерка Мира Андреева ја забележа најголемата победа во досегашната кариера. Во второто коло на Австралија опен таа ја декласира шестата носителка Онс Жабур со 6:0, 6:2.

Андрејева има 16 години, лани го најави големиот потенцијал, а со оваа победа обезбеди скок на 34. место во светот.За првата топ 10 победа и беа потребни само 55 минути. Во третото коло ја очекува најдобрата од пресметката меѓу Камила Рахимова и Дајан Пари.

Турнирот заврши и за шампионката од 2018 година Каролина Вознијацки. Подобра од неа беше Русинката Марија Тимофеева со 1:6, 6:4, 6:1.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button