
ВМРО-ДПМНЕ го обвинува дека Асмир Јахоски и Пуцко Петрол од СДСМ како централна и локална власт за 7 години добиле над 180 милиони евра за тендери.
Во меѓувреме, од СДСМ потенцираат дека „Пуцко Петрол“ е омилен снабдувач на општините со кои раководи ВМРО-ДПМНЕ.
„240.000 евра тендер од Битола за Пуцко Петроли – омилениот снабдувач на ВМРО-ДПМНЕ. Само преку 3 договори со општина Битола, со која раководи Коњановски од ВМРО, на оваа компанија и се исплатени 240 илјади евра. Ова се само три од над 170 тендерски договори што општините и институциите предводени од ВМРО-ДПМНЕ ги имаат склучено со Пуцко Петроли. Јавноста знае дека овој бизнис се роди во времето кога коалицираа ДПМНЕ и ДУИ. ДМПНЕ и Мицкоски треба да излезат пред граѓаните и да одговорат колку милиони пари на граѓаните преку општините, министерствата и институциите што ги водат завршија во Пуцко Петриол?“, велат од СДСМ.
Пред неколку дена сопственикот на Пуцко Петроли, Асмир Јахоски, заврши во притвор, откако Кривичниот суд ја прифати жалбата на Обвинителството./Алсат.мк