ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Политичките реакции за aпсењата во Тетово продолжија и денеска

Опозицијата продолжува со остри критики за пристапот на институциите кон уапсените демонстранти. ВМРО-ДПМНЕ вели дека граѓаните имаат право да изразат незадоволство од одолговлекуваната истрага за тетовската трагедија.
Од Алијанса за Албанците велат дека граѓаните имаат право да бараат одговорност и правда преку протести. Но, според нив, институциите ги затвораат граѓаните кои бараат правда а ослободуваат други лица.

Притворот на петмина демонстранти револтирани од трагедијата во Тетово доволно зборува за нашиот корумпиран правосуден систем до гуша. Додека овој систем не успее да ги задржи вистинските криминалци зад решетки, не можеме да чекаме со вкрстени раце за овој систем да донесе правда за случајот во Тетово. Овој систем што ги остави слободни Бобан Илиќ, Зоран Милески-Кичеец, Рашковски и Боки 13, не е достоен да суди за петмина демонстранти кои го искажаа својот револт против државата од горливиот дух, од страдањата и последователните неправди – велат од Алијанса за Албанците.

Опозицијата не е задоволна од фактот што и толку денови по трагедијата, сe уште не се затворени процедурите за утврдување на оставките на функционерите кои изјавија дека поднеле оставка.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button