ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Политиките за албанскиот јазик и за вработувањата врз основа на „вкупното“ попишано население

Премиерот Зоран Заев ги појасни дилемите околу податоците од пописот. Тој вели дека вкупниот број на резидентно население и на наши граѓани во дијаспората ќе остане основа на политиката за правична етничка застапеност и прашањето за употреба на јазикот. Заев вели дека нема да се менуваат законите за правата на Албанците и на другите заедници. Бројот на резидентното население ќе се користи за креирање на политики за локален развој.

 

Овој став на премиерот ги разјаснува дилемите за што ќе се користат бројките од дијаспората. ВМРО-ДПМНЕ, од друга страна, се противеше на овој факт барајќи дијаспората само да биде евидентирана. Досега во земјава се попишани 1 милион 212 илјади граѓани, 378 илјади домаќинства и 516 илјади живеалишта.

Но, кај дијаспората има низок интерес за попишување. Во последните 24 часа, попишани се помалку од 250 лица. Државниот завод за статистика веќе потврди дека изминативе недели имало неколку сајбер напади на нејзината веб-страница, но уверуваа дека тие не го блокирале целосното нејзиното функционирање.

Од Заводот за статистика сметаат дека до моментов не се попишани ниту половина од бројот на наши граѓани во дијаспората за кои се очекуваше дека ќе се пријават, а нивниот е околу 450 илјади.

Од Алијансата за Албанците бараат владините претставници да не лиферуваат со бројки и да ги решаваат техничките проблеми за пописот на дијаспората.

„Владата и Државниот завод за статистика итно треба да одговорат што се случува со страницата и базата на податоци за попис, каква штета предизвикаа сајбер-нападите, дали се нарушени податоците од дијаспората и кој ќе биде одговорен за евентуални интервенции во броевите“, велат од Алијанса за Албанците.

Пописот ќе трае до 30 -ти септември.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button